речник контакт

Повисоки цени на ѓубретарината, гробарината, зеленилото?

На петочната 30-та седница предложени се нови цени за повеќе комунални услуги во градот. Ќе ги усвојат ли советниците?

Петар Печков

Предлог-одлука за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустрискиот неопасен отпад на територијата на Општина Велес, предлог-решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за одржување и користење на паркови и јавни зелени површини на територијата на Општина Велес на ЈКП „Дервен“ Велес,  предлог-решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за управување и одржување на градските гробишта на ЈКП „Дервен“Велес.

Ова се трите точки од дневниот  ред на 40-тата седница кои предизвикуваат голем интерес кај јавноста во градот. Останува непознатата до седницата, каква ќе биде реакцијата на советниците по овој предлог на градоначалникот Горан Петров, кој ги достави по барање на УО на ЈКП Дервен. ТРМР уште пред еден месец најави дека се најавува зголемување на цената на овие услуги.

Оваа 30-та седница е со рекорден број точки на дневен ред,  39, па ќе биде интересна и реакцијата на советниците кои често досега знаеја да реагираат на бројто на прашања кои треба да се решаваат со ставање на дневен ред.

 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »